Една австралиска модна компанија доби генијална идеја – да продава фармерки што изгледаат како извалкани во кал, а не се!
Океј де, можеби и не е толку генијална… Ама ова е висока мода. А на високо воздухот е поредок и мозокот послабо мисли, очигледно.
Опишани се како „типична американска работна облека која симболизира тешка работа“. Пораката, според компанијата, е „да не се плашите да се спуштите на земја и да се извалкате“. Демек, нема ништо срамно и овие фармерки ви го овозможуваат тоа.
Цената им е 390 евра.
Нормално, вакви авантури не проаѓаат незабележани на интернет. Пола од коментарите го истакнаа очигледното – дека со тие пари можеш да купиш којзнае колку пара обични фармери и да ги извалкаш по желба. Другата половина ги прогласи за фармерки што може да поминат само кај некои богаташи што немаат допрено земја со гола рака во живот.