Необичен и примамлив оглас бил објавен во познатиот весник Атланта Журнал. Огласот гласел вака:
„ Црнка, осамена, бара друштво. Етничка припадност не е важна. Пријатна сум и сакам да си играм. Сакам долги прошетки во шумата, да се возам со тебе во автомобил, лов, риболов и кампување. Во пријатните зимски ноќи сакам да лежам пред камин, со светлина од свеќа и опуштена атмосфера. Ќе те чекам верно дома кога ќе се вратиш од работа и ќе го носам само она што ми го дала мајка природа.
Побарај ме на (404)8… и прашај за Дејси.
Те чекам…“
Повеќе од 15.000 мажи се јавиле како многу заинтересирани за овој оглас и доживеале огромно изненадување кога на назначениот телефон го добиле – локалното сиропатилиште за кучиња.