MMA јавноста во неверување: Најлудиот нокаут во историјата? (ВИДЕО)

ММА светот сé уште со неверување ја гледа снимката од главната борба во Денвер со која UFC ја прослави 25-годишнината.

По 25 минути беспоштедна битка, во последната секунда, Мексиканецот Yair Rodriguez го финишираше „Корејскиот зомби“ – Чен Сунг Јунг, со нокаут кој многумина го прогласија за најдобриот во историјата на UFC.

Мексиканецот по година и пол се врати во рингот и беше на пат да ја изгуби борбата со 4:1 во рунди. Но, на само секунда до крајот, со нокаутот со лакт, и тоа без гледање, направи целосен пресврт.

„Најлудиот пресврт на сите времиња. Зомби ја имаше борбата во свои раце, требаше да издржи само уште една секунда. Каков финиш, WOW!!“, искоментира првиот човек на UFC – Дана Вајт.

Тоа што го направи Мексиканецот ретко се гледа. Ескиважата на ударот и самата идеја од таква позиција да се изведе лакт, е одлика на имагинативен и креативен борец, а резултатот е ремек дело кое заслужува да се погледне повеќе пати, од сите агли.

 

 

Rodriguez има 11 победи во 13 професионални меча, додека Сунг, покрај 14-те победи, го запиша петтиот пораз на своето конто.

По тешката борба во Денвер, и двајцата завршија во болница.

 

- Реклама -