Младинските ракометари поразени од Данска на Европското првенство

2

Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години нанесе уште еден неуспех на Европското младинско првенство, што се одржува во Романија.

На последниот меч во групата Д, избраниците на Игор Илиевски беа убедливо поразени од данската селекција, која со доминантна игра на теренот ја осигура победата со 20-34 (8-15).

Реклама

Највредни играчи за Македонија беа Поповски и Гурмешевиќ, кои постигнаа по четири гола. Сега, нашата селекција ќе се обиде да се спаси од последното место на овој турнир во следните мечеви.

Во претходните два натпревари, ракометарите загубија од селекциите на Норвешка и Хрватска.