По Цетиње, Сараево, Приштина, Тиват, Нови Сад, Младинскиот оркестар на Западен Балкан (Western Balkans Youth Orchestra) ќе има концерт под отворено небо на плоштадот во Гостивар во сабота на 3 август од 21:00часот.
Оркестарот оваа година ја слави својата 5-годишнина. Овој млад и енергичен ансамбл од регионот означи пресвртница во развојот на музичките младина во Југоисточна Европа. Вкупно 66 млади музичари од 17 европски земји ќе презентираат импресивни дела од класичната музика на Верди, Вила-Лобос и Мусоргски, комбинирани со нови поп-рок звуци од регионот на Западен Балкан на концертот под наслов „Да ја славиме моќта на музиката и младоста!“