Младинската ракометна репрезентација убедлива против Црна Гора на стартот од ЕП


Македонската младинска машка ракометна репрезентација со убедлива победа го започна ЕП во Целје.

Нашите момци на стартот ја совладаа Црна Гора со 31-21 (12-5). Следен противник е селекцијата на Хрватска, меч кој се игра утре со почеток во 12 часот.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Узунчев со осум, како и Калајџиески и Субашевски со по пет погодоци, додека голманите Галевски и Брестовац комбинираа 12 одбрани. Во Црна Гора се истакна Добрковиќ со шест гола.

- Реклама -