Младата надеж на Real Madrid

intro_real_madridReal Madrid има највисок годишен приход од сите фудбалски клубови на светот. Исто така е и еден од клубовите со највисоки стандарди за младинскиот тим. Дознајте што сè треба да се случи за гордо да се истрча на Santiago Bernabéu.

Real Madrid има највисок годишен приход од сите фудбалски клубови на светот. Исто така е и еден од клубовите со највисоки стандарди за младинскиот тим. Дознајте што сè треба да се случи за од Real Madrid C, нарекуван и Juvenil C, гордо да се истрча на Santiago Bernabéu.

04raul Едно од првите нешта кои ги пречекуваат момчињата кога доаѓаат на тренинг се постерите на нивниот идол, Raul Gonzalez Blanco. Секој од нив се надева дека ќе ја наследи ѕвездата на Real, а конкуренцијата овде е голема – 274 момчиња и тинејџери поделени во 15 младински тима. И самиот Raul кариерата ја започна на младинската академија на Real, а сега е ѕвезда во Primera Division, па ништо чудно што овие идни фудбалери се огледуваат токму во него. 

Поранешниот играч на Real, кој и самиот мина низ оваа младинска академија, José Miguel González – Míchel, сега е одговорен за новата надеж на кралскиот клуб. Како менаџер на Real Madrid Castilla, вториот тим на Real, каде и самиот Míchel мораше да се докажува пред да заигра за Real Madrid, тој истакнува дека токму играчите кои излегуваат оттука ја претставуваат душата на кралскиот клуб.
 
 Децата кои тренираат овде имаат на што да се надеваат, примерите кои ги гледаат се повеќе од инспиративни. Дел од нив се Raul, голманот Iker Casillas, Miguel Torres Gómez кој од свои 12 години играше за јуниорските тимови на Real, сè додека во 2007 не го потпиша договорот за првиот тим, а тука е и Ricardo Gallego кој почна на 14 години и стаса да освои дури четири титули во деветте години играње за Real Madrid.

8abba7castillap

 real_youth Момчињата кои се надеваат дека ќе заиграат на Santiago Bernabéu уште од најрана возраст ги учат правилата, тактиката и се под постојан надзор. Овде дури и најмладите момчиња ја гледаат снимката од натпреварот и ја анализираат сопствената игра со тренерот. Тие се и постојано информирани за сопствениот напредок, а неколкумина дури и година порано отидоа на следното ниво. На кампусот има и наставници кои не дозволуваат фудбалерите да заостануваат во образованието, како и психолози кои го следат нивното карактерно градење. Сепак, клубот реши дека нема да ги задржува децата во интернат. Причина за оваа одлука е што влијанието на Real Madrid во Шпанија е толку големо, што дури и најмладите играчи стануваат славни. Челниците на клубот не смеат да си дозволат новата надеж на кралскиот клуб да се занесе, па одлуката да престојуваат со своите фамилии е најдобар начин овие деца да продолжат да живеат нормално.

sergio

Иако изгледа дека лојалноста веќе не е дел од карактерот на денешните фудбалери, сепак шансите да се одбијат другите понуди се поголеми ако сте растени со клубот и затоа чувствувате посилна припадност кон него. Камусот на кој тренира подмладокот на Real е отворен во 2005 година надвор од Мадрид, а кога ќе биде целосно завршен ќе има 11 терени. За гостинските тимови има посебни делови и тие немаат пристап до главната зграда. За оние кои сакаат да ја почувствуваат атмосферата, како и за други тимови кои сакаат тука да имаат тренинзи ќе се изградат посебни терени и хотелски комплекс.
juanmi_callejon
Спортскиот центар распространет на 125 хектари уште се гради. Во план се хотели, музеи, сопствена ТВ станица, како и простор за кошаркарскиот тим на Real. Навистина кралски, нели?

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер
- Реклама -