Млад е за во пензија, сака прво да покаже вистинска економија

Фото: П. Стојановски / Дојче веле

ВМРО-ДПМНЕ владееја безмалку 12 години, а тој само пред 2.5 ја добил честа. Млад човек е и рано му е да оди во пензија, рече премиерот Зоран Заев во интервју на МРТ.

Заев порача дека има уште многу што да даде и дека може да сработи уште многу за „неговата, нашата, за заедничката земја“, која, потенцираше, е и на Мицкоски.

Премиерот рече дека ќе се потруди да остане и да продолжи да ја извршува честа и одговорноста што му ја дале граѓаните, а изрази надеж дека тоа ќе го прави во атмосфера на чист мандат, на решени меѓународни проблеми и на интегрирана земја, за да може, како што рече, да покаже вистинска економија.

- Реклама -