Млад човек тежок 362 килограми стана интернет сензација

Човек тежок 362 килограми го освои Фејсбук со своите видеа од вежбање и стана инспирација за многумина.
Лери Еванс од Сент Луис собра армија од обожаватели на Фејсбук, каде ги забележува моментите од својата борба со насобраната тежина. И додека повеќето луѓе не сакаат никој да ги види нивните моменти на напорно вежбање, мачење и потење, Лери го направил токму спротивното, пишува Telegraph.

Screenshot_12

Речиси секој ден, а понекогаш и повеќе пати дневно, Лери на Фејсбук објавува снимки или фотографии со кои ги информира своите пријатели за неговите најнови постигнати резултати од напорот направен за губење на тежината. Така, овој упорен човек може да се види како плива, трча и дури крева тегови со личниот тренер.

Теретаната во која вежба Лери исто така станала популарна и почнала да привлекува повеќе луѓе кои како Лери сакаат да ги намала килограмите. Овде можете да го видите неговиот Фејсбук профил.

- Реклама -