Мизрахи ги спореди обвинувањата од СДСМ со говорите на Хитлер против Евреите

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ – Рашела Мизрахи, ги обвини СДСМ за антисемитизам, а нивните критики кон неа ги спореди со говорите на Гебелс и Хитлер.

„Со изборот на Мизрахи за член на Извршниот комитет, Мицкоски ја потврди антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ“, порачаа денеска од СДСМ.

„ …Со изборот на Рашела Мизрахи за член на Извршниот Комитет, се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО ДПМНЕ, истата која како министерка во техничката Влада ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, за што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата.

Наместо да работи на обезбедување услови за фер и демократски избори, што е и главната е единствена функција на техничката Влада, Мизрахи спроведуваше евтин популизам, водена од партиските интереси и интересите на Мицкоски, за што и беше разрешена од Собранието на Република Северна Македонија“, истакна портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

За Мизрахи, ваквите пораки се срамни и покажуваат омpaза кон Евреите:

Мизрахи ја загрози македонската европерспектива е во превод Евреите се опасност за Европа, како изваден цитат од говорите на Гебелс и неговиот фирер Хитлер“, напиша Мизрахи на Фејсбук.

„Очекувам во следната ваква изјава на СДС да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и наочари.

ЗНАМ ДЕКА НЕМАТЕ СРАМ, НО МАКЕДОНИЈА СЕ СРАМИ ОД ВАС!“, додава таа.

- Реклама -