Мицкоски за нон-пејперот: Со новата методологија ќе можат да нѐ вратат поради објективни, ама и поради субјективни причини

„Можеби не треба веќе да разговараме за датум за преговори за влез на Република Македонија во ЕУ, туку отпочнување на новата методологија. Тука има многу прашалници“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, прашан за францускиот нон-пејпер.

„Ние сега имаме само рамка, оваа рамка треба дополнително да се доуредува, што значи дека ќе отпочне процес на внатрешна дебата во рамките на европските земји членки од ЕУ. Кога ќе заврши тој процес, ниту ние, ниту претпоставувам тие внатре можат во овој момент да ни кажат – дали ќе заврши оваа година, другата година или некоја следна година… Значи тоа е првото кое треба да ни е јасно. Дека ова е рамка која што доаѓа како предлог на француската влада и за оваа рамка да се доуреди е потребна суштината. А суштината дополнително ќе отвори внатрешна дебата во рамките на ЕУ.

Да претпоставиме дека во најскоро време ќе биде донесена и суштината и дека ние ќе имаме методологија. Тоа значи дека врз основа на таа методологија ние ќе имаме реверзибилен процес кој што во минатото не беше случај, односно кога една земја кандидат ќе отвореше поглавје, преговараше за тоа поглавје и кога ќе го затвореше, немаше потреба тоа поглавје повторно да се отвора. Но очигледно земјите членки констатирале дека тука има некои недостатоци, односно практично дека се почитува договореното се додека не се затвори поглавјето, а дури потоа има можеби некакви варијации и отстапување во негативна смисла. Токму затоа сега се наметнува правилото на ревирзибилност. Доколку вие отворите поглавје, го преговарате и го затворите и не се држите до договореното кога сте го затвориле поглавјето, тогаш некој има можност да ве врати повторно од почеток.

Таа можност може да биде објективна, доколку навистина не сте добар и не сте го испочитувале тоа што е договорено, или пак да биде субјективна – ако некои земји членки испорачаат од вас субјективни барања, а вие во тој момент не сте спремни да ги прифатите како црвени линии, тогаш тие секогаш ќе имаат можност да ве вратат во почетокот на тој ревирзибилен процес“, рече Мицкоски, изразувајќи надеж дека тоа нема да биде случај со Македонија и дека тоа што ќе се договори ќе се почитува од сите земји.

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците

Сепак, истакна Мицкоски, одлична е што земјата ќе има можност да ги користе фондовите веднаш откако ќе биде затворено некое од поглавјата.

„Јас доаѓам од образованието, доаѓам од универзитетот. Во минатото беа темпус проекти меѓународни, јас сум искористил еден од тие проекти, сум бил во Германија, во Австрија, сум поминал магистратура во Италија и знам какви се можностите. Потоа дојде Еразмус програмата која што ни даде можност за размена на знаења, да се надградуваме и така натаму. Добро е што сега ќе имаме и ресурси откако ќе го затвориме поглавјето за образование, за да набавиме некој хардвер, да имаме надгледни средства на универзитетот. Бидејќи знаете дека буџетот беше лимитиран во минатото, а вака како што сега се троши на непродуктивни работи и расфрлања, тогаш не верувам дека некому паѓа на памет да купи некоја нова лабораторија, да купи некој хардвер на универзитетите за да може да се стекнеме со знаење.

Зошто ова го кажувам… Ајде што го укpaдоа насловот за буџетот за инвестирање кај граѓаните од Индонезија, затоа што насловот таму беше ‘Инвестираме во граѓаните’. Ајде што тоа е погрешно и на реторика и на филозофија, туку тоа е класичен пoткyп. Со финансии не се инвестира во човечкиот потенцијал, се инвестира со знаење. Наместо да ги искористат тие средства со кои денес се обидуваат да тргуваат со граѓаните на Македонија, наместо да ги искористеа и да испратеа со стипендии луѓе да се доквалификуваат, па тие луѓе да донесат знаење, па тоа знаење да го пренесат преку трансфер на знаење на генерациите што следат, ќе направат штета која што потоа ќе ни треба долги години за да се санира. Тоа е суштината на предлогот на нон пејперот, да имаме одржливост, а не само реторика и да немаме никакви испораки. Тоа е суштината која денеска на нас ни ја предочија неколку влади, неколку земји членки на ЕУ“, рече Мицкоски.

- Реклама -