Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска уште еднаш повтори дека во овој парламентарен состав и под овие услови, уставни измени нема да има.
Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК), Мицкоски рече дека за него тоа е затворена тема.
„Тоа за мене е затворена тема. Многу пати сум го кажал мојот став, ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во овој парламентарен состав, под овие услови, под бугарски диктат, уставни измени ќе нема“, истакна Мицкоски.
МИА