Мицкоски во интервју за ФАЦ: Груевски e во тајна комуникација со владата, целта се уставните измени

Со цел да дојде до уставни измени, владата подготвува валкани дилови, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пренесува „Дојче Веле“.

Како што тврди Мицкоски, власта планира да му вети кривична неказнивост на екс-премиерот и азилант во Унгарија – Никола Груевски, во замена за тоа тој да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.

„Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата. Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее“, рекол Мицкоски.

Во статијата на ФАЦ, чиј автор е добриот познавач на регионот, новинарот Михаел Мартенс, главниот фокус е на односите со Бугарија, односно, како што објаснува Мицкоски, напорите на Софија да ја поткопа македонската државност и идентитет и немањето гаранција за крај на бугарските барања. Во статијата се спомнува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ – уставните измени да се донесат, но да стапат на сила не порано од денот на членство на Македонија во ЕУ. Ако не биде прифатен тој „компромисен“ предлог, тогаш нема да има никакви промени на Уставот, категоричен е Мицкоски во разговорот.

Прочитајте и:  Мицкоски за можната средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
- Реклама -