Мицкоски: Следува година на победи, има надеж за Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски, им ги честита новогодишните и божиќните празници на православните верници и им посака многу здравје, бериќет, успеси во нивните семејства и да бидат среќни. Кога човек е среќен, тогаш е и најзадоволен, истакна по Божиќната литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

 

„Зад нас е година на порази, следува година на победи. Тоа кое јас како божиќна порака сакам да го упатам до христијанските верници, но и сите останати граѓани на Република Македонија е да се почитуваат, да се разбираат меѓу себе, бидејќи самопочитувањето е она кое нас нѐ прави побогати. Сето останато ќе си дојде. Почитувајте се, сакајте се, има надеж за оваа наша Македонија, а надежта допрва доаѓа“, рече Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме
- Реклама -