„Сите се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ победува. Ги гледаат анкетите и го чувствуваат пулсот на народот. Знаат дека ова е крај на најcpaмните три години од историјата на независна Македонија. Затоа добар дел од коалициските партнери на Заев ни испраќаат сигнали“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за српски „Политика“, прашан дали ќе ја прошири коалицијата со некои партии од актуелната коалиција на СДСМ, согласно најавите дека ВМРО-ДПМНЕ преговара со некои партии.
„Нормално и очекувано е како што наближува април, така да зачестуваат обидите за приклонување кон победникот. Сепак ние носиме нова енергија која се базира на честитост и принципиелност. Борбата за власт заради власт мора да биде дел од минатото. Ние сега вреднуваме капацитет, визија и знаење. Секој што ќе може да придонесе во нашата борба за обнова на Македонија е добредојден. Нашата најголема коалиција се граѓаните на Македонија“, вели Мицкоски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ во новата програма ќе понуди работа, проекти и рокови кои ќе ја ослободат Македонија од бeззаконието и ќе ја вратат на брза лента на патот на реформите и приближувањето кон ЕУ стандардите.
„Ќе понудиме решенија во економијата, образованието, здравството, земјоделието и сите други области кои ќе значат квалитетен исчекор и кои реално ќе го подобрат животот на граѓаните. За тоа имаме тим и имаме волја. Граѓаните ја препознаваат новата енергија и верувам дека масовно ќе нѐ поддржат“, вели Мицкоски. Целото интервју ТУКА.