Мицкоски контра Рикер: Сѐ додека сум јас ВМРО, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа

„Сѐ додека сум јас ВМРО, не може да биде завршена работа Преспанскиот договор. И сѐ додека постои ВМРО, не може да биде Преспанскиот договор завршена работа“, изјави во „Заспиј ако можеш“ на ТВ „Алфа“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, иако токму таква порака неодамна упати помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија – Филип Рикер.

„А знаете зошто не е завршена работа? Затоа што, се сеќавате на онаа скапо платена кампања којашто се случуваше пред рефередумот, оној лажлив референдум кога практично се обиде да се направи еден инженеринг врз македонскиот народ и граѓаните во Македонија. Ни беа ветувани, нели, квалитетно образование, европско образование… Ние денеска немаме универзитет во првите 2.000 во светот и се обидуваат преку оние квази-реформи во основното образование дефинитивно да осакатат една плејада генерации. Понатаму, ни ветуваа нели, се сеќавате, квалитетни вакцини, европско здравство… Ние денеска имаме, за жал, најлоши бројки во делот на починатите во борбата со пандемијата. Каде се тие вакцини? Повторно нѐ излажаа.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Не може да е завршен Преспанскиот договор. Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа, 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на Европската унија“, образложи Мицкоски.

- Реклама -