Мицкоски го спореди Пендаровски со семафор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Прес 24“ одговарајќи на прашање во однос на тоа што нè чекаат претседателски избори и како е  задоволен од Стево Пендаровски како претседател, истакна дека Пендаровски „ниту работа врши, ни атер крши“, потрошил цел мандат а ништо не сработил.

„Ни работа врши, ни атер крши. Тоа е како да ме прашате што мислите за првиот семафор. Супер работа врши но не може да ви води држава. Човекот цел мандат го посвети на оговарање, место на лобирање. Сега е на мака дали ќе го предложат партиите. И сè што прави е да се допадне на партиите кои би можеле повторно да го кандидираат. Сметам дека таа функција е обезвреднета поради погрешните политики изминатите години. На Македонија ѝ треба сосема поинаков поглед на работите и начинот на кој ќе се претставува државата“, нагласи Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството
- Реклама -