Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото што им било дадено

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговата изјава синоќа во интервју за ТВ Алсат дека има докази за „дејствувањето на оската ДУИ-СДС-Груевски“ и дека „можеби треба да им се освежи меморијата за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Ахмети и Џафери“, рече дека Џафери и Ахмети треба да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото што им било дадено.

„Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи тиe ги добиле два од трите документи“, нагласи Мицкоски при денешната посета на тетовска Брвеница.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
- Реклама -