Митови за преживување што можат да ве чинат живот

Филмовите и сериите не имаат научено мал милион трикови за преживување во дивината. Но, некои од тие совети можат да не чинат живот.

Според ваквите совети, првиот приоритет треба да ни биде да најдеме храна. Но, всушност, факт е дека телото без проблем може да издржи повеќе дена без неа. Вистинскиот приоритет е наоѓањето на вода и засолниште.

Под засолниште, пред се се мисли на кревет и на куќичка изградена од лисја или мов. Студената земја е многу поопасна од студениот ветер. Направете кревет користејќи суви растенија, за да направите изолација што ќе ја сочува топлината на вашето тело и ќе ве заштити од допир со студената земја.

f462_ndur_survival_straw_inuse[1]

Исто така, како важен приоритет се наведува штедењето на водата. Сепак, нашето тело не е заинтересирано да чуе колку ќе биде жедно подоцна и дека мораме да му ја ускратиме, а особено не кога веќе има итна потреба за вода. Многу планинари го имаат изгубено животот со полни и полу-полни матарки вода, бидејќи пробувале да ја штедат.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Ако сте чуле дека урината ќе ви помогне да останете хидрирани, размислете пак. Ако сте на работ да добиете сончаница, на пример, пиењето урина може да ги преоптовари механизмите за ладење на нашето тело. Наместо да ја пиете, искористете ја за да натопите парче платно од облеката со кое ќе можете да се разладите.

Но, што ако ве касне змија? Сигурно сте чуле дека исцицувањето на отровот од раната може да помогне, но, таквата пракса може дополнително да ги оштети вашите црева и стомак. Најважно е да останете со ладна глава и да побарате помош.

- Реклама -