Кога имате интеракција со бебиња, речиси секој еден човек околу вас ќе ви каже „како треба“. Ќе се изнeнадите колку од правилата што се воспоставени како конвенција, не се ништо повеќе од најобични митови.
Кога имате интеракција со бебиња, речиси секој еден човек околу вас ќе ви каже „како треба“. Ќе се изненадите колку од правилата што се воспоставени како конвенција, не се ништо повеќе од најобични митови.
Допирањето на меките точки на главата од бебето може да му го повреди мозокот
Бебињата имаат две меки точки на главата. Едната е голема и се наоѓа на предниот дел, а другата е помала и се наоѓа на задниот. Се работи за ’рскавици кои се затвораат на едногодишна возраст (помалата на возраст од 3 до 4 месеци), а во перидото дотогаш не постои опасност од повреда на мозокот, зашто тој е прилично добро заштитен. Се разбира, допирите мора да бидат нежни, затоа што се работи за бебешка глава.
Бебињата треба да се бањаат секојдневно
Бањањето на бебињата ја отстранува влагата од деликатната кожа и може да ја осуши сосема и да ја иритира. Дополнително, долгото седење во вода со сапун (шампон или сл. препарати), може да доведе до дразнење на уретрата (особено кај девојчињата), што пак може да предизвика инфекции на уринарниот тракт. Педијатрите препорачуваат дека сѐ додека ги одржувате чисти деловите од телото на бебето што најмногу се валкаат (газето, вратот итн.) чисти, целосните бањи можете да ги сведете и на 2 до 3 неделно. Доколку вашето бебе ужива во бањањето, нема опасност и од секојдневно бањање, но бањајте ги единствено со вода, без препарати.
Раните достигнувања укажуваат на надареност
Родителите често сакаат да се пофалат дека нивното дете многу рано прозборело или проодело и дека тоа укажува на некој талент. Сите истражувања покажале дека не постои никава реална врска помеѓу раните достигнувања и подоцнежните успеси во животот. Некои достигнувања дури можат да укажат и на проблем. Таков е случајот со користењето на левата или десната рака како доминантна пред возраста од 18 месеци. Нормално е бебињата да бидат амбидекстрични до таа возраст.
Бебињата мора да какаат најмалку еднаш дневно
Понекогаш, родителите знаат да испаничат и да заклучат дека бебето има запек и кога нема. Тоа е затоа што метаболизмот на сите бебиња не е еднаков. Некогаш, се случува тие да какаат и по неколку пати во денот, но се случува (без никакви негативни последици) тоа да биде еднаш во 3-4 дена, особено на возраст од 3-5 месеци. Индикација за запек би била потечено стомаче или крв во пелените, но за да бидете сигурни, обратете се кај својот педијатар. [4 Myths about Babies]