Мистериозно: Која скриена порака ја содржат 77.000 видеа на Јутуб?

Што се крие зад овие видео клипови? Каква скриена порака содржат? Многу прашања, а одговорите ги има BBC.Зошто Webdriver Torso аплоудирал 77 илјади клипови на Јутуб, кои траат 11 секунди и покажуваат црвени и сини правоаголници, со компјутерски генериран тон? Што овие скриени пораки значат?

Нивниот творец го користи логинот Webdriver Torso, но се уште никој не одговорил на обидите да се објасни овој бизарен видео материјал. Тоа поттикна бројни шпекулации за значењето на клиповите. Постојат различни идеи, од тоа дека се тајни пораки што ги разменуваат шпионите, до дел од софтвер за тестирање на Веб, па дури и обид да се воспостави контакт со вонземјани!

BBC решија да ја истражат оваа мистерија, ангажирајќи го својот гуру за технологија Стефен Бакет. Видео клиповите се деноноќно аплоудирани на Јутуб претходните 8 месеци, а Стефен објаснува дека не е возможно некој да „закачи“ толку видеа за споменатиот период и додава дека компјутерот автоматски ги додал сите овие клипови.

Она што е исто така интересно во врска со нив е тоа што има многу „француско“ во истите. Црвената и сината боја ги претставуваат боите на француското знаме. Тој забележал и дека две видеа се разликуваат од останатите. Првото видео може да се гледа само сако се плати со француска кредитна картичка, а во прашање е чуден анимиран француски филм.  Видео клипот под број 1182 ја прикажува Ајфеловата кула снимена од блиска тераса, а на крајот на видеото може да се види компјутер со отворена страна на Фејсбук. Се сомнева дека тоа е компјутерот на оној кој што работи на овие клипови.

- Реклама -