Мистериозните камени топки од Костарика

stone_spheresГолемите камени топки кои го бркаат Индијана Џонс на почетокот на „Крадците на изгубениот ковчег“ се инспирирани од вистински камени топки кои постојат во Костарика и се мистерија за научниците.


100322143217Големите камени топки кои го бркаат Индијана Џонс на почетокот на „Крадците на изгубениот ковчег“ се инспирирани од вистински камени топки кои постојат во Костарика.

Мистериозните камења се во центарот на студиите на професорот по антропологија на Универзитетот Канзас – Џон Хупс. Хупс треба да даде проценка дали камењата треба да се стават под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство.

Најстарите сведоштва поврзани со камењата се од доцниот 19 век, но научно не биле проучувани се до 1930-тите, па така тие се релативно ново откритие. Тие останале неоткриени се додека една компанија за
овошје не почнала да го расчистува теренот за плантажите со банани во Јужна Костарика.

Според Хупс, досега се откриени околу 300 топки, од кои најголемата тежи 16 тони и е со големина од 2,5 метри во дијаметар. Повеќето од нив се сконцентирани во Дискус Делта областа во Костарика. Некои се останати на местото каде биле откриени, но многу други се преместени или оштетени од ерозијата, пожарите или вандализам.

Научниците веруваат дека камењата биле најрано создавани околу 600 година, додека повеќето од нив датираат после 1.000 година, но пред доаѓањето на шпанските освојувачи. Хупс вели дека камењата дефинитивно се направени од човечка рака, и покрај легендите кои истите ги поврзуваат со Атлантида или вонземјани, но научниците сé уште не можат да ја одгатнат причината заради која тие биле создавани. [Mysterious Stone Spheres in Costa Rica Investigated]

- Реклама -