Годишнениов пагански обичај на спалување на латинскиот Бугимен (по нашки, Баба Рога), наречен Ел Кукуи, привлече големо внимание. Ем светско, ем вонсветско.
Секоја година, многу од граѓаните на Албукерки учествуваат во обичајот, ама годинава се појави и „неочекуван гостин“. Судејќи по фотографиите, овој гостин не е од човечкиот род. Се чини дека се работи за натприродно битие, кое беше фатено на камерите во моментот кога се појави на небото, буквално од никаде. Фотографиите се направени од пожарникарите, кои превентивно беа на настанот и снимаа се што се случува околу огнот.
„Сите бевме во паника поради ова нешто“, вели еден од сведоците на овој мистериозен настан.
Упатените велат дека можно е да се работи за некаков вид демон, дух, волшебник и слични битија со човеколика форма. Организаторот пак, е убеден дека тоа е самиот Ел Кукуи лично.
Проценете сами: