Мистеријата на камењата што се движат

death_valleyФотографот Мајк Брн помина години во документирање на феноменот кој е збунувачки за науката – камења кои на мистериозен начин се движат.


Фотографот Мајк Брн помина години во документирање на феноменот кој е збунувачки за науката – камења кои на мистериозен начин се движат.

article-1228844-073EFC40000005DC-381_634x686

Среде морничавата тишина и топлината од 50 степени целзиусови во калифорниската Долина на смртта овие големи камења тешки стотина килограми се движат и по повеќе од 300 метри годишно низ рамната површина без некоја видлива сила да го предизвика нивото поместување.

Научниците веруваат дека нивното мистериозно движење се должи на специфичните временски прилики, комбинацијата на силен ветар, ледени формации навечер и тенките слоеви од влажна глина на површината на пустината.

article-1228844-073EFE36000005DC-885_634x410

Како што сведочат овие неверојатни фотографии „подвижните“ камења оставаат траги кои се доказ на нивното движење во места речиси недопрени од човекот. Една од најубедливите теории за тоа како овие камења се придвижуваат е таа дека тоа се должи на испарувањата на водата под површината на песокот кои се придвижени од ветерот, креирајќи површина на која камењата можат да се движат. Во 1990 студијата направена од тим на научници се обиде да даде објаснување на овој необичен феномен. Оваа студија заклучи дека камењата можеби се придвижени заради замрзнувањето што се случува навечер и топењето на мразот што прави поволна површина за придвижување на овие тешки камења.

Долината на смртта е најниската точка во САД, 85 метри под нивото на морето, речиси комплетно е рамна и го држи рекордот за втората највиска температура некогаш забележана на Земјата – 58 степени целзиусови. [The real rolling stones: Mystery of Death Valley’s gliding rocks]

- Реклама -