Многу од тоа што не го разбираме што значи да се биде човек – едноставно лежи во нашата глава. Мозокот е орган кој збунува, како и прашањата за животот и смртта, спиењето и многу повеќе. Тука погледнете што знаеме, а што не знаеме за нашиот ум.
едноставно лежи во нашата глава. Мозокот е орган кој збунува, како и
прашањата за животот и смртта, спиењето и многу повеќе. Подолу погледнете што знаеме, а што не знаеме за нашиот ум.
Слатки сништа
Една можност:
Соништата настануваат симулирајќи ги синописите кои патуваат меѓу нашите мозочни ќелии.
Друга можност:
Луѓето ги сонуваат оние задачи и емоции кои не успеале да ги завршат во текот на денот, и овој процес помага при средувањето на вашите мисли и спомени.
Како и да е, едно се знае околу сонот. Научниците се согласуваат дека тој настанува за време на најдлабокото спиење, наречено Rapid Eye Movement (REM).
Мистеријата на спиењето
Свилените буби го прават тоа. Тигрите го прават тоа. А на луѓето никогаш не им е доволно. Не, не тоа. Зборуваме за затворањето на окото, толку важно што поминуваме една четвртина од животот правејќи го тоа. Сепак, зашто спиеме сеуште е мистерија, исто како и сонот. Научниците знаат една работа: Спиењето е круцијално за цицачите. Продолжено спиење може да доведе до промена на расположението, халуцинации, и во екстремни случаеви-смрт. Има две состојби на спиење:
– non-rapid eye movement (NREM), каде што мозокот има мала метаболичка активност, и
– rapid eye movement (REM), каде што вашиот мозок е многу многу активен.
Некои научници мислат дека NREM спиењето му дава одмор на вашето тело, притоа конзервирајќи енергија, слично на хибернацијата. REM спиењето помага при организирањето на вашите мисли. Како и да, оваа идеа не е докажана, и соновите во REM спиењето не секогаш се поврзани со вашите мисли и спомени.
Биолошкиот часовник
Нашиот билошки часовник ни го програмира телото на 24 часовен ритам. Најочигледен ефект на овој ритам е кругот спиење-станување, но биолошкиот часовник исто така влиае на нашето варење, температурата на телото, крвниот притисок и размножувањето на хормоните. Истражувањата открија дека мала интензивна промена може да го „ намести “ вашиот часовник – назад или напред, со регулирање на хормонот melatonin ( хормон кој е одговорен за неколку биолошки функции во вашето тело ). Сега се дебатира дали хормонот melatonin може да го спречи тоа чуство на мачнина кое го добивате при летање во различни временски зони.
Кутија за спомени
Користејќи техника при која се отсликуваат сликите од мозокот, научниците го отгатнуваат механизмот кој е одговорен за креирањето и сочувањето на нашите спомени. Тие открија дека хипокампусот, дел од сивата материја на мозокот, можеби се користи како кутија за спомени. Но оваа „ област за зачувување “ не прави категоризација. И вистинитите и фиктивните спомени активираат одредени региони во мозокот. Понекогаш при сите тие фиктивни спомени, или по нашки -„ правење филм во главата “, тешко е да се сетиме на вистинксите спомени. Тестирањето врз субјекти го добило овој резултат.
Зошто се смееме?
Смеата е една од најмалку познатите навики на човекот. Научниците открија дека преку смеење три дела од мозокот се активираат:
– Делот за мислење, кој помага да ја сфатите шегата.
– Делот за движење, кој кажува на вашите мускули да се движат,и
– Делот за емоции, кој ви го дава тоа добро расположение додека се смеете.
Но, сеуште е непознато зашто некој се смее на глупавите шеги на вашиот брат, на пример, а друг додека гледа хорор филм.John Morreall, пионер во истражувањата за хуморот во колеџот Вилијам и Мери, откри дека смеата е топол одговор на приказни кои се противат на конвенционалноста. Друго во таа област е дека со смеата му сигнализираме на другиот дека неговата акција била „ смешна “.
Една работа се знае со сигурност: смеењето прави да се чуствуваме подобро.
Живеењто вечно е можно само во Холивуд. Но, зашто луѓето стареат? Родени сме со кутија од алати, полна со механизми да се борат против болестите и повредите. Но, како што старееме, механизмот на телото „ р’ѓосува “. Како резултат на тоа, ние сме подлежни на физички и стресни проблеми. Теориите за тоа зашто луѓето стареат, се делат на две категории:
– Како и сите други карактеристики, и стареењето е дел од човечката генетика и некако е неопходно
– Помалку оптимистички гледано, стареењето нема никакца цел и настанува и повредите, односно „ штетата “ која човекот ја претрпува во текот на неговиот живот.
Како и да е, научниците мислат дека науката конечно ќе се справи со ова прашање, барем до толку за да се дуплира векот на живеење.
Длабоко замрзнување
Живеењето вечно можеби не е реалност. Но, пионер во ова поле-нешто наречено крионогетика, може да овозможи за некои луѓе два живота. Крионогетските центри како Alcor Life Extension Foundation , во Аризона , чува мртви тела во садови наполнети со течен нитроген на замрзнувачка температура од – 320 степени Фаренхајти. Идеата е дека кога човек ќе умре од некоја сеуште неизлечива болест може да биде сочуван и „ разбуден “ во иднината, кога лекот ќе биде пронајден.
Телото на бејзбол легендата Тед Вилијамс е сочувано во еден од „ замрзнувачите “ на Alcor. Неговото тело, како и сите други, е поставено со главата надоле, од причина што кога би имало истекување во садот, неговиот мозок сеуште ќе биде потопен во течноста. Ниедно тело не е „ вратено “, бидејќи таа технологија сеуште не постои. Пример, ако телото е извадено со малку погрешна температура од предвидената, мозочните ќелии ќе се претворат во мраз и ќе се распрснат во парчиња.