Издвојуваме некои од нерешените мистерии кои сте имале можност да ги гледате на малите екрани.
1. Како Tweety одржува рамнотежа на лулашката кога има толку голема глава?
2. Ако којотот од „Брзата птица итрица“ имал многу пари да купи илјада уреди за да ја лови птицата, зошто само не излегол да си купи печено пиле или што и да му се јаде?
3. Зошто Супермен, Бетмен и сите херои носат гаќи врз панталоните?
4. Кога размислуваме како спанаќот делува на Попај…Дали тоа е навистина спанаќ? Можеби е марихуана помешана со кокаин и спид?
5. Какво срање користат седумте џуџиња што после 20 часа работа излегуваат од рудникот распеани?
6. Не е ли Пинк Пантер вистинска геј икона? Пинк пантер – машко или женско? Операција или не? Зошто е секогаш без облека?
7. Зошто сите јунаци на Дизни носат бели ракавици и имаат само 4 прста? Можеби ни испраќаат порака дека постојат вонземјани?
8. Зошто Црвенкапа морала да постави толку многу прашања пред да сфати дека баба и е всушност злобниот волк? Била глупа или слепа?
9. Зошто сите негативци сакаат да ја уништат планетата? Каде мислат да живеат? Идиоти!