Lamborghini Centenario е едно од најскапоцените парчиња на брендот. „Подарок“ е за 100-годишнината од раѓањето на Феручио Ламборџини – таткото на автомобилскиот гигант. Centenario е омаж за визионерството на Феручио и иднината во која толку многу веруваше, велат од компанијата.
Вкупно ги има 40-тина; 20 се купеа, а 20 се роудстери. Почнаа да ги доставуваат до колекционерите и фановите годинава.
Едно вакво кошта накај 2.5 милиони долари. Пред некое време истоварот на еден од примероците го попречи сообраќајот во Лондон. Но колку и да е импресивно да се види ѕверов од близу, ние сме повеќе фасцинирани од јаките живци и храброста на тие што се задолжени за товар и истовар на овие диви и скапи играчки.