Мислеле дека секс куклата на комшијата е мртво тело

sexdoll

Загрижени дека во станот на соседот се наоѓа мртво тело, пар од Амстердам ја повикал полицијата. Полицискиот тим набрзо пристигнал на местото на настанот и заѕвонил на вратата. Откако никој не им отворил, одлучиле да провалат во станот.

Арно ама, кога ја срушиле вратата ги пречекало (не баш) пријатно изненадување – „лешот“ всушност бил RealDoll, т.е. реалистична секс кукла која сопственикот ја користел за… знаете де.

Посрамените полицајци ја тргнале куклата подалеку од прозорот, за да не наседне и некој друг комшија. Не е познато дали со сопственикот е обавен информативен разговор, а и што би го прашале?

- Реклама -