Мисла на денот: Што мислат другите

Татко и син си купиле еден коњ. Следниот ден тргнале некаде во селото.

Таткото рекол: – Сине, ај качи се ти на коњот, а јас ќе одам пеш. Откако ги виделе, селаните рекле:

– Види каков син! Татко му оди пеш, а тој – на коњ!

Следниот ден таткото се качил на коњот, а синот одел пеш.

Селаните рекле: – Каков е тој татко ?! Детето му оди пеш, тој пак,  јава!

На третиот ден се качиле и двајцата на коњот.

Селаните: – Немаат милост оние ќе го убијат животното!

На четвртиот ден и двајцата тргнале пеш, водејќи го коњот.

А селаните се потсмевале:

– Хахаха, гледај какви будали! Коњ имаат, пеш одат!

Следниот ден, коњот умрел. Тогаш таткото му рекол на својот син:

– Гледаш ли сине, што се случува, ако слушаш што зборуваат луѓето.

Мисла на денот

- Реклама -