Мисла на денот: Детето и среќата

Денес цел ден имав часови. Имав план штом дојдам дома, веднаш да завршам една друга работна обврска на компјутер, па потоа релаксирано да ја поминам вечерта со Димитар. Но, штом ја отворив влезната врата, видов како се затрчува со раширени раце да ме гушне. Почна возбудено да раскажува (на негов јазик) што се‘ правел дента: каде бил, како го видел знамето на Зајчев Рид, како изел јаболко, како спиел на каучот со Вини Пу, со кои колички си играл, што обоил… Седнав пред компјутерот набрзина да ја завршам работата, но тој веќе држеше топка во раце и ме влечеше за ракав да станам да си играме. Пробав да го убедам дека за 5 минути ќе завршам и ќе си играме, но тој инсистираше. Станав, а работата ја оставив за попосле. Таа негова среќа беше тогаш, во тој момент. Бескрајна радост, бисерни запчиња, смеење… Достоевски рекол: „Сите идеали на светот не вредат колку солзите на едно дете“. И бил во право.

Мисла на денот

Андријана Јаневска

- Реклама -