Ако тргнеш против ветер од 160 км/ч (100 милји/час) дефинитивно ќе ја изгубиш битката. На таков ветер можеш буквално да седиш, да бидеш фрлан како парталче и да правиш сé слично што ќе ти текне, но само во насоката која ветерот ти ја диктира.
Ако случајно мислиш поинаку, тука се Том Падам и Мајк Дорфман од метеоролошката опсерваторија на Маунт Вашингтон во Њу Хемпшир, за да те разубедат. Во нивниот случај, ветерот дува со сила од 109 милји на час.