Мирисот на базен не e од хлорот: „Базен кој не е опасен по здравјето не смее да има силен мирис“

Во една прилика, легендарниот пливач Мајкл Фелпс призна дека мoчкa во базенот бидејќи и онака бил полн со хлор, а хлорот сè тоа и сите тие бактерии ги убивал. Не бидете Мајкл Фелпс. Мајкл Фелпс појма нема.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) ја разбива заблудата која многумина ја имаат кога се работи за хлорот и базените. Да, хлорот се додава во водата за да спречи ширење на бактерии, но експертите се децидни дека не може да уништи баш сè што е штетно за вас. Не за џабе строго се препорачува туширање пред да влезете во базен.

„Ако влезете во базен, а не сте истуширани, во водата внесувате сè што се наоѓа на вашата кожа – природните кожни масти, потта, дезодоранс, кармин, друга козметика и производи за лична хигиена, како и ypина и остатоци од фeкaлии“, предупредува епидемиологот Мишел Хлавс од CDC. Во сите овие има азот, а азотот во контакт со хлорот се соединува во хлорамин, објаснува тој.

Од една страна, хлораминот значи дека во базенот има помалку неврзан хлор за да се бори со бактериите. Од друга страна, самиот хлорамин е хемиски иританс.

Токму од овој хемиски иританс знаат да ве запечат очите кога пливате во базен, а во поекстремни случаи може да предизвика и напади на астма, кашлање и кожни иритации. Овој хемиски иританс, а не хлорот, е и причината зад оној препознатлив мирис на базените, за жал. „Базен кој не е опасен за здравјето не смее да има силен мирис“, нагласува Хлавс, побивајќи го јавното мислење дека мирисот значи повеќе хлор = значи почист базен.

Затоа, должност на посетителите е во базенот да има што помалку хлорамин, па оттаму туширањето е задолжително, а се препорачува и носење капа за пливање. Според едно холандско истражување од 2012-та, дури и обичното плакнење со вода без сапун, во времетраење од 60 секунди, многу помага.

Во спротивно, според Livescience, бактериите што преживуваат, ако ги проголтаме или вдишеме, можат да предизвикаат една од потенцијални 10.000 болecти, колку што на годишно ниво се забележани кај Американците што поседуваат базени.

Една од нив, на пример, е диjаpejата. Може да се добие преку внесување (ингестирање) на инфективниот микроорганизам кога водата е контаминирана со фeкaлии од друго лице кое има диjаpejа. Затоа строго се препорачува лицата што имаат диjаpejа воопшто да не влегуваат во базен.

А останатите, никогаш, ама баш никогаш, да не мократ во базенот, истакнува CDC.

ПРОЧИТАЈТЕ И: КОЛКУ УPИНА ИМА ВО БАЗЕНИТЕ?

 

 

- Реклама -