Според пишувањата на AS, дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Миранда е пред трансфер на Олд Трафорд вреден 30 милиони евра, 29 годишниот Бразилец имаше одлична сезона, беше еден од столбовите во одбраната на Атлетико Мадрид па неколку клубови пројавуваат интерес за неговите услуги.
Миранда е на листата со желби на Барселона, медимите од Каталонија силно го поврзуваат играчот со преселба на Камп Ноу, но Барса одбива да ја плати откупната клаузула во неговиот договор вредна 30 милиони евра.
’Каталонците’ се надеваат дека Атлетико ќе ги намали барањата доколку во целата зделка биде вметнат и младиот Кристијан Тељо.
Но според мадридскиот весник AS, Миранда е на чекор до преселба во Манчестер Јунајтед.
’Црвените Ѓаволи’ се подговени да одвојат 30 милиони евра и да ја активираат откупната клаузула на централниот дефанзивец.
Весникот додава дека тимот од Олд Трафорд сега ги договара личните барања на играчот, а Миранда веќе започнал да бара училиште за своето дете во Манчестер.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk