Во денешната статија од категоријата „Дом“ ќе ви покажеме еден шведски стан чиј што внатрешен дизајн е уреден со внимание и до најмалиот детал.Станот, лоциран на приземјето, се карактеризира со стилски ентериер, создаден во бел тоналитет. Белите и крем ѕидови совршено си одговараат со светлиот дабов под, а комбинацијата меѓу двете создава чувство на хармонија и мир.
Несомнено она што создава најсилен впечаток е љубовта кон деталите. Токму вешто употребените акценти му влеваат живот и комфорт на просторот, претворајќи го од обичен стан во незаборавно ремек дело. Црно-белите слики и фотографии, разновидните украси за домот, осветлувањето и слатките декоративни перници креираат еден дом од соништата.