Министерството за одбрана на Русија испрати 150.000 регрути на обука

Во рамки на пролетната регрутација, 150.000 лица се испратени во воена служба, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Во соопштението се нагласува дека воените обврзници не се испратени на локации на Оружените сили на Руската Федерација во „Доњецката и Луганската Народна Република и Запорожската и Херсонската област“. Ова се областите каде главно се води воната во Украина, откако Русија ги нападна и потоа незаконски ги анектираше.

Во соопштението од руското МО се дополнува дека повеќето регрути се упатени во формации и единици за обука, каде што ќе добијат воена специјалност.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст
- Реклама -