Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска одржа средба со директорот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Алберт Хани. На оваа средба, двете страни го потврдија своето заедничко залагање за продлабочување на соработката во борбата против корупцијата и унапредување на реформските процеси. Посебно беше нагласена важноста на активното учество на Република Северна Македонија во активностите на РАИ, како и потребата за понатамошно зајакнување на антикорупциските политики.
Соработката помеѓу државните институции и антикорупциските тела е клучна во борбата против корупцијата и за оптимизација на реформските напори.




