Дизајнерот Луиџи Сколани конструирал куќа која штеди простор, а во исто време е и многу удобна за живеење.
Дизајнерот Луиџи Сколани конструирал куќа која штеди простор, а во исто време е и многу удобна за живеење.
Имено, тој се досетил да конструира цилиндар од 6 метри2 во куќата, во кој се сместени кујна, бања и спална соба. Цилиндарот може да ротира налево или надесно, овозможувајќи му на сопственикот избор околу тоа која соба сака да ја користи во моментот.
Куќата исто така содржи и мал тоаелт и ходник и целата може да се контролира со помош на далечински управувач.
Инаку целата идеја околу дизајнот на куќата е инспирирана од животот на младите професионалци, на кои им е потребен минимален простор за живот, додека тие се фокусираат на напредокот на својата кариера.