Мини „подморница“ (видео)

подморницаКомпактната Подморница EGO технички не е подморница бидејќи не може да нурнува, но подводната кабина ќе ви овозможи да ги истражувате подводните мистерии. Можеби ќе откриете нов вид, можеби ќе ја откриете Атлантида. Ако го поседувате ова пловило целиот океан е пред вас.

подморницаПрозорците на EGO се направени од специјални акрилни материјали кои најчесто се користат во градбата на аквариуми бидејќи можат да издржат големи притисоци без да ја попречуваат светлината и видливоста. Пловилото има максимална брзина од 4 чворови (7,4 километри на час) која може да ја одржува 4 часа, батериите траат од 6-10 часа со едно полнење. Подморницата е опремена со LCD монитори, систем за набљудување на состојбата на батериите, радио, дигитален мерач на длабочина, педали, компас и часовник.
подморница
{youtube}p0xxR4Y4yIc{/youtube}

- Реклама -