Минхенски весник на цела страница го исмеа Баерн Минхен (фото)

Баерн се наоѓа во голема криза и славеше на само еден од петте последни мечеви, а тоа му донесе многу критики во медиумите и јавноста. Колку многу критики? Толку многу што челниците на клубот ги „замолија“ новинарите да престанат со критикувањето на клубот.

А тоа и се случи, технички, ама не и реално. Откако Баерн викендов славеше против Волфсбург со 3:1, минхенскиот весник TZ, како во пишаното издание – така и на својата веб страница, во рубриката „TZ коментар“ објави долга „статија“ во која немаше ниту збор критика за клубот. Напротив, насловот гласеше „ФК Баерн е…“, а низ целиот текст стоеше само еден збор: „супер“.

Очигледно челниците на клубот џабе замолиле.

 

- Реклама -