Се сеќавате ли на класичната компјутерска игра Minesweeper? Ако сте едни од луѓето што со часови ја убиваа досадата на работното место чистејќи мини, тогаш сигурно ќе ви се допаднат овие корејски разгледници.
Корејската компанија што стои зад овој производ започна со производство на разгледници кои можете да ги „играте“ со гребење со паричка.
Со разгледницит доаѓаат и малите налепници со знаменца, со кои ќе можете да ги означите квадратчињата под кои мислите дека се наоѓаат мините.
Разгледниците се продаваат во две варијанти, т.е. со две нивоа на тежина – лесно и тешко. Цената на една разгледница е два американски долари, а можете да ги нарачате преку официјалниот сајт на компанијата.