Милозвучни скали за по куќи

Ако во вас (сеуште) тлее детскиот/уметничкиот дух, оваа идеја е скроена за вас. Со замена на потпорните елементи на оградата на скалите, овие скали прејдоа од класични Викторијански, до функционален музички инструмент, и тоа не било кој, туку харфа.

musical-harp-bannister[1]Оваа конверзија е дело на Леандер Ангерер и Дејвид Рос, а при процесот се користени жици од тениски рекети. Ваквата жица овозможува силна заштита од паѓање, со тоа што придодава интерактивна забава во целиот „скали“-момент.

musical-harp-stairs[1]Процесот на конструкција не бил така едноставен како што звучи идејата – биле избушени 1000 дупки и употребени стотици метри жица.

musical-steps-design[1]Нискиот дизајн овозможува во играта да се приклучат и децата, па веројатно скалите ќе бидат главна играчка за нив (а можеби и за вас). Што може да биде поубаво во домот отколку неврзани и нехармонични нежни тонови од харфа и среќни деца што трчаат по скалите преку целиот ден?

d0c1a2100dc57acd_0957-w422-h562-b0-p0--modern-staircase[1]
Харфа-скали во модерен стил.

 

- Реклама -