Милошоски за наредбата на Бајден: Преспанскиот договор е спротивен на македонските национални интереси, но го поздравуваме делот за корупцијата

„ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача и обврска да ги штити македоснките национални и државни интереси“, изјави пратеникот и член на Извршниот комитет на партијата – Антонио Милошоски, за „Слободен печат“, откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша Извршна наредба со која на црната листа на САД ќе се најдат, меѓу други, и противниците на Преспанскиот договор со Грција.

Според Милошоски, најголемата опозициска партија останува на досегашниот став во однос на договорот.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор е следен: ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањата, креирањето, неговото носење во Собранието и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси“, вели Милошоски.

Од друга страна, тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата содржани во рамката, додавајќи, притоа, дека „половина Влада на Заев и СДСМ“ треба да се најде на црната листа на САД, според документот.

Прочитајте и:  Агелер: Црната листа е многу динамична - постојано се разгледуваат имиња и едвај чекаме да додадеме нови
- Реклама -