Милионерите: Јахтите задолжително треба да имаат водопад

Јахтите на богатите луѓе стануваат се поголеми и полуксузни.

Внатрешноста наликува на хотел со 5 ѕвездички, а на палубата ве чека место за забава со шампањ и што ли уште не. Основната цена на една пристојна јахта започнува од околу 66 милиони евра.

Откако ќе ја купат сопствениците најчесто прават голем број на луксузни подобрувања.

Холандското бродоградилиште Heesen Yachts споделува која е најновата мода – водопад.

y1(15)

Причината не е само естетска – водопадот исто така разладува.

„Во моментов клиентите сакаат поголеми платформи на палубата за да можат да поканат повеќе пријатели, вели Сара Џанола, менаџер во Heesen Yachts.

„Тие сакаат инфинити базени кои бараат дополнително место. Водопадот од едната страна на базенот е веќе речиси задолжителна карактеристика. Тие се убави, разладуваат и имаат уште две функции – во зависност од тоа колку е густа водата служат како екран (ако се криете од папараците). На нив може да бидат прикажани и филмови.

Прочитај повеќе: Јахтите на Роман Абрамович

- Реклама -