Сите сакаат да одат на аквапарк и да се забавуваат, но можете ли да си замислите да имате таков парк во вашиот дом?
Со тоа може да се пофали Хал Џонс од Остин, Тексас. Тој си направи аквапарк на својот имот, а за целта избрал куќа на брегот на езерото Травис.
До неговиот дом може да се пристигне со чамец по водата. Дизајнерот, одговорен за проектот, е Еван Милс. Во него има голем базен, посебен базен за деца, џакузи за 30 лица, водопад и воден бар. Водениот тобоган е со височина од 18 метри. Првично се проценувало дека цената за целиот проект ќе чини 2,2 милиони долари, но крајната цена изнесувала 3,2 милиони. Месечната сметка за одржување на објектите (без да се бројат платите на вработените) е 5 500 долари, а сметката за струја е 3 500 долари месечно! Тука сепак се прават одлични забави. Хал Џонс сака да ги кани своите гости на водниот бар во базенот.