Ќе остане без милион долари, зашто се омажила

Руската атлетичарка Марија Савинова, која стана олимписка шампионка на 800 метри, нема да добие награда од еден милион долари, затоа што пред Олимписките игри во Лондон се омажи и го промени местото на живеење.

Савинова потекнува од Чељабинската област, а по свадбата се пресели во Москва. Локалните власти на Чељабинската област на сите олимписки шампиони од нивниот регион им даваат награда од фантастични 1.000.000 американски долари.

Ваква награда ќе добие џудистот Мансур Исаев за освоеното злато, а бронзата на Анастасија Барашњикова ќе биде наградена со 50.000 долари.

Сепак, и власите од Московската област најавија дека богато ќе ја наградат Марија Савинова, иако засега не се знае точната сума. Таа минатата година беше прогласена за најдобра атлетичарка во светот.

Прочитајте и:  Британската авторка Саманта Харви ја освои Букеровата награда за 2024
- Реклама -