Милијардерите се сè помлади луѓе

larry-page-sergey-brinНеодамна американскиот финансиски магазин “ФОРБС” ги одбра осумте најбогати луѓе. Интересен е фактот што новите милијардери се сè помлади луѓе. Осумте кандидати, меѓу кои се и основачите на Google и творецот на социјалната мрежа Фејсбук, се избраниците на Форбс, кој ги наведе овие богати луѓе од технолошко-информатичката сфера како наследници на Бил Гејтс. 


Неодамна американскиот финансиски магазин “ФОРБС” ги одбра осумте најбогати луѓе. Интересен е фактот што новите милијардери се сè помлади луѓе. Осумте кандидати, меѓу кои се и основачите на Google и творецот на социјалната мрежа Фејсбук, се избраниците на Форбс, кој ги наведе овие богати луѓе од технолошко-информатичката сфера како наследници на Бил Гејтс. Гејтс е милијардер уште од 1987 година, кога сè уште немал ни 32 години. Како најмлад милијардер неговото богатство тогаш било проценето на 1,25 милијарди долари, 900 милиони долари повеќе од истиот период претходната година.

Младиот Бил Гејтс
bill-gates-young

Сите кандидати од листата на Форбс имаат помалку од 40 години, четворица од нив се Кинези, тројца се од Америка, а еден е Јапонец. Како што гледате, жолтата раса води! Дел од овие милијардери своето богатство го здобиле преку компании за интернетски игри или социјални мрежи и сè уште ги управуваат фирмите кои тие самите ги создале.

Според Форбс, сите одбрани бизнисмени досега имаат остварено огромен успех на полето на науката и на технологијата, но уредниците на магазинот сметаат дека ќе помине уште одредено време за да го достигнат Бил Гејтс. Од денешните технолошки богаташи само соосновачите на Google, Сергеј Брин и Лари Пејџ, имаат шанси да му се доближат на Гејтс во однос на богатството. Сите тие заедно се на листата на најбогатите луѓе во светот, секој со профит од по 12 милијарди долари. Оваа есен богатството на Бил Гејтс било проценето на 50 милијарди долари, додека Брин и Пејџ тежат секој по 15,3 милијарди долари. Се очекува богатството на овие двајца да расте како што ќе се развива нивната компанија, чија последна развојна дејност е смарт телефоните.

Сергеј Брин и Лари Пејџ

larry-page-sergey-brin

Што се однесува до компанијата Google еве неколку интересни податоци: секоја минута во текот на последниот месец од минатата година корисниците на интернет од целиот свет прават по 2,9 милиони пребарувања, односно по четири милиони внесени поими за пребарување секој ден. Резултатите од истражувањето што го спровела компанијата Комскор покажуваат дека во споредба со 2008 година, забележан е пораст од 46 %. Најголем број поими за пребарување биле внесени на територијата на САД (22,7 милијарди во текот на декември), потоа следуваат Кина, Јапонија и Велика Британија. Најголем напредок во областа на пребарувањето на интернет е забележан на територијата на Русија, каде што е забележан пораст од 92 % во однос на минатата година. Од компаниите што нудат услуги за пребарување првото место и понатаму го има Google со 87,8 милијарди пребарувања месечно, додека Yahoo и Microsoft учествуваат со 9,4 и со 4,1 милијарди пребарувања во текот на декември минатата година.


Но, да се вратиме на листата на најбогати што ја објави “Форбс”, кој како особено надежен го истакнал Чен Тијанкиао, извршен директор и претседател на кинеската компанија “Чајна интерактив ентертемент лимитид”. Како најголеми адути ги посочуваат неговите големи амбиции во компанијата и неговите одлични лични карактеристики. Тој изјавил дека го почитува Бил Гејтс, но не сака да биде кинески Бил Гејтс, туку сака да биде Чен Тијанкиао од Кина. Неговото богатство се проценува на 1,3 милијарди долари.

Чен Тијанкиао

CenTiankiao_2

Јапонскиот претставник на оваа листа е Јошиказу Танака, кој на 32-годишна возраст се гордее со богатство од 1,6 милијарди долари. Танака почнал да работи во Sony, а потоа почнал да се занимава со видеоигри на мобилни уреди.


Јошиказу Танака

Yoshikazu_Tanaka

Најмладиот, кој се наоѓа на листата на Форбс за наследници на Бил Гејтс, е Марк Зукерберг, кој во 2008 година, на 23-годишна возраст станал милијардер, односно станал најмладиот милијардер во светот. Тој е творецот на социјалната страница Фејсбук, која била создадена главно за потребите на студентите на Харвард. Како што е познато, Фејсбук бргу се рашири и во другите училишта и факултети и во моментов има над 350 милиони членови. Закерберг денес располага со богатство од 2 милијарди долари. Меѓу осумте наследници на Бил Гејтс се и Кинезите Вилијам Динг; основачот на “Нет из”, како и Ма Хуатенг и Зенг Зидонг, основачите на “Тенцент”. Сите овие милијардери своето богатство го здобиле пред 40-тата година од животот, и тоа работејќи во дејности сродни на информатичката технологија и технолошкиот домен од бизнисот. За најсериозни наследници Бил Гејт се сметаат Сергеј Брин и Лари Пејџ. Како што гледате, ерата на млади милијардери која ја почна Бил Гејтс продолжува!


Марк Зукерберг

imgMark_Zuckerberg1

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -