Милијардер ја нарачал најголемата јахта во светот (видео)

Некој милијардер ја нарачал најголемата јахта во светот. 180 метри долгото пловило ќе биде познато како Азам арапски збор кој значи истрајност или решителност.

Од бродоградилиштето Lurssen не кажуваат многу за нарачителот или внатрешноста на пловилото. Јахтата има големина приближна до луксузните крстосувачи но наместо пропелери таа ќе биде придвижувана од водени млазови што ќе ѝ овозможи да достигне брзина од околу 30 чворови, споредено со околу 20 чворови на крстосувачите.

{youtube}UD2EpsY_Nps{/youtube}

Полнењето на резервоарот на оваа јахта ќе чини над 100.000 долари. Но вистинското прашање е дали нешто олку големо ќе биде доволно за едно лице и неговите најблиски пријатели?

- Реклама -