Мили: Тешко дека оваа година Украина ќе успее да ги протера руските сили

Претседателот на Здружениот Генералштаб на оружените сили на САД, генерал Марк Мили, денеска изрази силно сомневање дека Украина ќе успее да ги истера руските трупи од нејзината територија оваа година.

„Од воена гледна точка сè уште тврдам дека за оваа година ќе биде многу, многу тешко воено да се исфрлат руските сили од сите, секоја педа од … окупирана Украина“, им рече Мили на новинарите на состанокот организиран од САД за Украина во воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија.

МИА

Прочитајте и:  Борел: Се надевам дека ЕУ членките ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
- Реклама -