Милевски: Во Италија не сме дојдеме како туристи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со фаворитот Италија.

„Секогаш очекувам успех. Не сме дојдеме како туристи туку да извлечеме што е можно повеќе. Секој натпревар е посебна приказна за себе. И овој што не очекува утре е посебен. Сам по себе носи убавина, но и тежина. Ние сме туку да го дадеме најдоброто од нас. Сме во фаза на создавање млад тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Момците кои добиваат минутажа ја оправдуваат довербата. Немаме резултатски императив, но секогаш кога настапувате за својата држава мора да дадете се од себе. Ривалот ни е од топ 3 во светот, ама ние покажавме дека со нив можеме да се носиме“, изјави Милевски на вечерашната прес-конференција.

Натпреварот ќе биде од претпоследното коло во групата од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година.

Во досегашните четири меѓусебни натпревари двете репрезентации имаат по една победа, а два натпревара завршија нерешено.

Средбата меѓу италијанската и македонската репрезентација ќе се игра утревечер во Рим со почеток во 20:45 часот.

МИА

- Реклама -