Милевски: Со ваква емоција не може да се игра за Македонија


Македонската фудбалска репрезентација освои само бод на првиот меч против Фарски Острови во рамките на новото издание на Лигата на нациите на УЕФА. Македонија имаше свои две-три колосални шанси во текот на дуелот во Торшавн, но исто така и противникот, фаворизираната селекција ги покажа слабостите и на крајот мораше да се задоволи со реми од 1:1.

Селекторот на националниот тим, Благоја Милевски не е задоволен од резултатот, но и од емоцијата кај одредени играчи.

„Не сум задоволен од резултатот. Ама противникот е незгоден, игравме на вештачка трева на која не сме навикнати. Првиот натпревар секогаш е тежок, но одиме понатаму, немаме време многу за жалење, не очекува нов меч и крајната цел е првото место во групата. Од првото полувреме не сум задоволен. Очекував повеќе од дебитантите од Иљазовски и од Митровски и затоа беа заменети. Кога е во прашање вториот дел можам да бидам задоволен од реакцијата. Меѓутоа ме загрижува еден факт, оваа емоција која ја видов кај одредени играчи, искрено не може вака да се настапува за Македонија“, порача селекторот Милевски.

Следниот натпревар Македонија ќе го игра против Ерменија на 10-ти септември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

- Реклама -